Сопругата на Клаудио Браво: Некои пропуштаа тренинзи, се пијанчеа и се забавуваа, а некои се потеа за Чиле!

by
1 минути читање

Чиле остана без пласман на Мундијалот во Русија идната
година, а тоа значеше големо разочарување кај оваа фудбалска земја.

Сопругата на голманот на чилеанската репрезентација,
Клаудио Браво, на социјалните мрежи напиша коментар за шокирачкиот резултат на
Чиле во квалификациите, тврдејќи дека некои од фудбалерите го подгазиле
значењето на националниот дрес, па така испуштале тренинзи бидејќи биле во
алкохолизирана состојба.

Му благодарам на Капитенот Америка (Браво), за сите
убави моменти кои ги искусивме, беше навистина убаво, но кога некој го носи
националниот дрес, тоа треба да го прави професионално
“ напиша Карла Парло.

Знам дека некои фудбалери се жртвуваа за националниот
тим, додека пак други пропуштаа тренинзи бидејќи беа во алкохолизирана состојба.
Престанете да плачече, бидејќи во моментов цела земја плаче, те чекам капитену
со раширени раце…
“ додаде таа.

Ситуацијата се обиде за момент да ја смири Браво, кој возврати со ублажувачки тон, велејќи дека ова не е момент за да се пишуваат вакви работи јавно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани