Сопругата на Икарди со порака до селекторот на Аргентина: Крајот на филмот секогаш е ист ако…

by
1 минути читање

Напаѓачот на
Интер има одлична сезона со 20 погодоци во Серија А, но и понатаму е игнориран
од селекторот на Аргентина.

Мауро Икарди не
доби повик за дуелите со Чиле и Боловија во квалификациите за мундијалот во Русија, но се чини дека многу повеќе беше
„понижен“ кога по повредата на Гонзало Игуаин, Едгардо Бауза реши да го повика Лукас
Аларио од Ривер Плата.

По ваквиот развој
на настаните се огласи неговата сопруга Ванда Нара која преку социјалните мрежи
испрати порака до предводникот на „Гаучосите“.

„Крајот на филмот
секогаш е ист доколку не ја промениш приказната и главните ликови
– напиша сопругата на Икарди на
Твитер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани