Сопругата на Гарај со емотивна објава на социјалните мрежи (ФОТО)

by
1 минути читање

Фудбалерот на
Валенсија, Езекиел Гарај е првиот случај на коронавирус во „Примера“, откако
неодамна шпанскиот прволигаш го тестирал целиот прв тим, па иако не е во
можност ниту да тренира, ниту да настапува поради повреда, Аргентинецот е
позитивен на Ковид-19.

Поради лигаментите
на коленото, малерозниот Гарај не беше во можност да ги извршува клупските
обврски, па така беше подложен на рехабилитација во тренинг комплексот во
Патерна, а сега сите членови на Валенсија кои биле во контакт со него ќе мораат
да одат во изолација.

Во меѓувреме,
додека е во изолација, Гарај не може да дојде до контакт со својата сопруга,
како и децата, а неговата сопруга Тамара Горо, на социјалните мрежи објави
фотографија за тоа како изгледа во моментов нивниот живот.

Заедно на
дистанца (Езе носи препорачана медицинска маска)
“ напиша таа во објавата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×