Сопругата на Бонучи во одбрана на малиот Лоренцо: Сите другарчиња му се навивачи на Торино

by
2 минути читање

„Старата Дама“ вчера се радуваше на ново Скудето, но сите на Јувентус Арена не ја славеа новата титула во Серија А.

За медиумите особено беше интересен постариот син на Леонардо Бонучи.

Лоренцо, кој е голем фан на Торино, за вчерашната прослава мораше да облече
дрес на Јувентус и очигледно тоа не му се допадна премногу, па можеше да се види
со наведната глава и намуртен.

Сопругата на фудбалерот, Мартина Макари сега застана во одбрана на малиот
Лоренцо.

„Оди во училиште каде сите навиваат за Торино, неговиот најдобар другар Џакомо
е голем фан на „Биковите“
– вели сопругата на Бонучи.

„Лоренцо спие со капа од Белоти закачена на креветот, на која има посвета од Андреа.

„Но во исто време
тој е добар дипломат и знае дека во одрдени моменти треба да биде за Јувентус и
затоа го облече дресот од Пјаниќ
.

„Добро е што не
му текна да се појави со дрес од Белоти на теренот, тешко ќе ми беше тоа да го
објаснам
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани