72
Милан за крај на трансфер пазарот сака нов напаѓач, и во игра се неколку имиња.
Според Скај Спорт Италија, сон на „росонерите“ е ангажман на Пјер Емерик Обамејанг.
Но зделката е многу комплицирана, Борусија Дортмунд бара преку 75 милиони евра за Габонецот, а и самиот играч има високи барања за плата.
Најреална опција за Милан е Никола Калиниќ, и според Скај Спорт, преговорите со Фиорентина бележат добар прогрес.
„Виолетовите“ ја спуштиле цената од 30 на 25 милиони евра за услугите на Хрватот.
Милан и понатаму останува на понудата од 20 милиони евра, но со бонуси и вметнување играчи во зделката, двата клуба наскоро би можеле да пронајдат заеднички јазик.