Сон за прв пат се огласи по промашувањето поради кое Арсенал може да остане без титулата

by bojan
2 минути читање
Сон

Сон Хеунг Мин се извини за промашувањето против Манчестер Сити кое може да биде клучно во трката за титулата во Премиерлигата.

Капитенот на Тотнем имаше зицер против Манчестер Сити во финишот од мечот, можеше да изедначи и да го стави Арсенал во пол-позиција за титуалта во Премиерлигата, но Сон Хеунг Мин не успеа да го совлада Ортега.

Ова може да се покаже како клучен момент во трката за шампионскиот наслов, самиот Пеп Гвардиола беше свесен, па легна на тревата кога Аканџи погреши а Џонсон го уфрли Сон во гол шанса, но потоа му падна камен од срце.

„И јас сум само човек“ – вели Сон. „Голманот донесе навистина добра одлука и се постави добро за да покрие што е можно поголем простор“.

„Превземам одгвороност што не ја реализирав таа голема шанса, целиот тим работеше навистина напорно и се обидуваше да обезбеди добар резултат.

Тренерот на Тотнем, Анге Постекоглу по крајот на натпреварот се пожали дека не владее победнички менталитет во клубот, откако имаше многу навивачи кои не сакаа триумф против Манчестер Сити и порача дека „темелите се навистина кревки“.

„Треба да разбереме дека ова е негова прва сезона, донесе многу позитивни работи и поинаков фудбал. Знам дека рано е уште сега да се зборува, но следната сезона мора да се прикажеме во многу подобро светло бидејќи верувам дека тој може да ни донесе успех“ – продолжи Сон.

„Јас го обожавам неговиот стил на игра. Па сите, клубот, играчите и навивачите, мораат да направат исчекор бидејќи сите заедно сме на ова патување“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани