Тотнем освои три големи бода од гостувањето кај Астон Вила благодарение на гол во последната минута од судиското продолжение.
Мечот одлично почна за Астон Вила и тоа благодарение на автогол на Алдервирелд во деветата минута.
Но, Алдервирелд се извади во 27. минута откако постигна убав погодок за израмнување на 1-1.
Пред самиот крај на првото полувреме Тотнем доби пенал. Реина го одбрани ударот на Сон од белата точка, но фудбалерот на Тотнем повторно дојде до топката и погоди за пресврт и водство од 2-1.
По осум минути во второто полувреме Енгелс со глава по корнер го изедначи резултатот на 2-2.
Во продолжението Тотнем имаше дури пет големи шанси, три беа на Сон, по една на Деле Али и Бергвен, но немаше нов гол.
И кога се очекуваше натпреварот да заврши нерешено, Енгелс киксна, Сон го искористи тоа, постигна гол во 94. минута за победа на Тотнем од 3-2.
Со овие три бода Тотнем се искачи на петтата позиција на табелата со само еден бод помалку од Челси кој својот меч го игра утре против Манчестер јунајтед на Стемфорд Бриџ.