Сон вмешан во скандал – девојка заврши во затвор затоа што го лажела!

by Стефан
1 минути читање

Јужнокорeјската фудбалска ѕвезда Хеунг-Мин Сон и еден од најдобрите азиски играчи во историјата, се најде во една непријатна и чудна ситуација, откако една девојка тврдеше дека е бремена со него. Жената, во јавноста позната само како Јанг, беше обвинета дека со лажна уцена од Сон извлекла речиси 200.000 евра.

Јанг минатата година му испратила ултразвук со наводна бременост и барала пари за да молчи. Подоцна се здружила со маж идентификуван како Јонг, со цел да изнудат уште поголема сума од поранешната ѕвезда на Тотнем,

Судот во Сеул во понеделник соопшти дека Јанг лажела, без да открие чие дете всушност го носи, а за целата завера доби четири години затвор. Судот додаде дека таа до крајот на процесот тврдеше дека не е виновна, додека Јонг ја призна вината и беше осуден на две години затвор.

Сон, кој има 33 години, денес е дел од американскиот Лос Анџелес и настапува во МЛС лигата, каде минатата сезона постигна 12 гола на 13 натпревари.

Тој е апсолутна легенда на Јужна Кореја и за репрезентацијата на оваа земја запиша 141 натпревар и постигна 54 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×