Сон потпиша за Лос Анџелес, па искрено им кажа: Вие не бевме мојот прв избор, но…

by riste
1 минути читање

Сон Хенуг-Мин го комплетираше трансферот во Лос Анџелес ФК, тој стави потпис на договор до 2027 со опција да биде продолжен на уште две сезони.

Лос Анџелес ФК за овој трансфер на Тотнем му плати 20 милиони фунти.

Сон кој по 10 години го напушти Тотнем, на презентацијата како нов фудбалер на Лос Анџелес, им кажа дека тие не биле неговиот прв избор.

„Ова е остварување на сонот. Лос Анџелес – каков град“, рече Сон.

„Да бидам искрен, ова не беше мојот прв избор. Но, првиот повик кој го имав од Џон (ко-претседателот) по крајот на сезоната, тој ме предомисли, ми го промени срцето, ми го промени мозокот. Ми ја покажа дестинацијата каде треба да бидам. Сега сум тука, и повеќе од среќен сум поради тоа, премногу сум возбуден“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×