Англиското дерби во четвртфиналето од Лигата на шампионите меѓу Тотнем и Манчестер Сити заврши со минимална но многу значајна победа на домаќините.
Натпреварот се играше на новиот стадион на Тотнем, тоа и беше прв европски меч на ова прекрасно фудбалско здание.
Првата голема шанса ја имаше Манчестер Сити, по консултација со ВАР судијата Кујперс покажа на белата точка поради игра со рака на Роуз. Агуеро шутираше лошо, Лорис го одбрани неговиот удар.
Во продолжението речиси и да немаше некои посериозни шанси. Лош момент за Тотнем се случи во 58. минута кога Хари Кејн го повреди зглобот и мораше да го напушти натпреварот предвреме.
Во 78. минута по асистенција од Ериксен, Сон се снајде одлично и постигна гол за голема радост на домашните навивачи и победа од 1-0.
Сон го даде првиот гол во Премиерлигата на новиот стадион, а го даде и првиот гол во Лигата на шампионите.
Ливерпул како што посакуваше си ја заврши домашната задача со Порто, го победи со 2-0 и имаше одличен резултат пред реваншот.
Натпреварот беше отворен уште во петтата минута со гол на Кеита, а Фирмино во 26. ги постави конечните 2-0.