Сон го почна воениот рок во Јужна Кореја, ќе учи како да ракува со оружје

by
1 минути читање

27-годишниот фудбалер е на островот Џејџу со поморскиот корпус каде што за 21 ден треба да стекне основни вештини на војник.

Сон помина двонеделен карантин во Јужна Кореја по што започна со отслужување на краткиот воен рок.

Тој требаше да отслужи регуларен воен рок кој трае 21 месец, но благодарение на победата на Азиските игри со селекцијата на Јужна Кореја, репрезентативците нема во целост да служат војска, туку само ќе имаат кратка тринеделна обука.

И покрај тоа што е ѕвезда во својата земја, Сон на островот нема да помине како турист, ќе биде подложен на солзавец, ќе има долги искачувања по планини, ќе биде трениран како да ракува со оружје…

Се очекува во Лондон да се врати кон средината на мај.

Се уште не се знае како и кога би продолжила сезоната во Премиерлигата, Тотнем и Сон го одбраа вистинскиот период за тој да си ја заврши воената обврска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×