Сон нема нема
постигнато гол во последните четири меча за Топтенхем, а во истите натпревари,
тимот од Лондон забележа само еден бод, од ремито против Арсенал, а загуби од
Барнли, Челси и Саутемптон.
Претходно, Сон
постигна четири погодоци во исто толку натпревари, а севкупно има скор од 11
погодоци во 12 натпревари во сите конкуренции, а одличната форма може да му
донесе награда на крајот од сезоната во Премиерлигата.
Нема никакви
дилеми дека Кореецот сака да го пружи својот максимум на теренот за
Премиерлигашот, а говорејќи за Гардијан, поранешниот фудбалер на Баер
Леверкузен откри за јавноста какви казни добивал од својот татко, во периодот
кога ги добивал фудбалските совети токму од него, заедно со неговиот брат.
„Ние моравме по
цели четири часа да жонглираме со топката…“ открива фудбалерот на Тотенхем.
„Тоа го правевме
и обајцата, откако ќе поминеа околу три часа, јас едноставно гледав три топки
пред себе, подот ми изгледаше црвен (со толку исцрпените очи)“ додаде офанзивецот.
„Бев толку многу
уморен, а тој беше толку лут, мислам дека ова е најдобрата приказна за која ние
и натаму зборуваме кога сме заедно, четири часа да ја држите топката и да не ви
испадне… Тоа е комплицирано, нели?“ праша Сон.