Баерн Минхен
тргна кон одбрана на титулата со триумф пред своите фанови, избраниците на
Ковач со 3-1 славеа во дуелот со Хофенхајм.
Томас Милер го
отвори резултатот во 23. минута, Германецот одлично се снајде по еден корнер од
левата страна и погоди за 1-0. Хофенхајм на стартот од вториот дел заигра многу
подобро и тоа резултираше со изедначуање, Салаи стрелаше за 1-1 во 57. минута.
„Баварците“ тешко
се опоравуваа по шокот, но добија шанса за ново водство откако судијата покажа
на белата точка под сомнително околности во 78. минута. Рибери беше соборен во
шеснаесетникот, но Французинот беше тој кој бараше контакт со противничкиот играч,
кој веќе беше влезен во лизгачки старт.
За
контроверзијата да биде уште поголема, Левандовски промаши од белата точка а
Робен ја смести топката во мрежата. Холанѓанецот сепак беше најблиску до
случувањата откако прв влета во шеснесетникот, па судијата со помош на ВАР ја
прегледа целата ситуација. Тој не го призна голот, но реши да го повтори
пеналот, и само тој знае зошто се реши на еден ваков чекор. Лева не погреши во
вториот обид и донесе 2-1.
Во судиското
надополнување, Робен стави точка на мечот откако одбраната на гостите заспа и
дозволи да биде матирана во два потега со изведување топка од аут.