„Ѓаволите“ утре
ја пречекуваат Барселона во четвртфиналето и сите очи на „Олд Трафорд“ сигурно ќе
бидат вперени во Лео Меси, кој игра во одлична форма и редовно ги тресе
противничките мрежи во последно време.
„Каков план
можете да имате за да го сопрете еден од најдобрите играчи во светот?“ – порача
Оле Гунар Солскјер на денешанта пресконференција.
„Оваа сезона веќе
игравме против Јувентус и Роналдо, против ПСЖ и Мбапе и против Челси и Азар“.
„Меси е
фантастичен играч и веројатно историјата ќе го памети како еден од најдобрите
индивидуални играчи кои некогаш сме ги виделе. Ќе биде тешко да го сопреме но
не и невозможно. Сепак, ова нема да биде Меси против Манчестер јунајтед. Тие
имаат уште неколку одлични играчи како Суарез, Кутињо, Ракитиќ… Не можеме да
се фокусираме само на еден играч, мораме да внимаваме на сите. Нашата одбрана 90 минути
ќе биде на штрек “.
Тренерот на
Манчестер јунајтед исто така ги советува своите играчи да не прават прекршоци околу
шеснаесетникот со оглед на тоа колку Лео Меси е прецизен и опасен од прекини.
„Не смееме да им дадеме слободни удари во близина на шеснаесетникот. Колку
голови има дадено Меси од слободен удар оваа сезона? Мораме да внимаваме со
стартовите, некои од играчите на Барса прават трикови. Исто така против ПСЖ
некои одлуки на судијата беа на наша штета, па се надевам дека среќата ќе
биде на наша страна сега“.