Солскјер се одзва за шпекулациите со Погба

by
1 минути читање

Оле Гунар
Солскјер инсистира на тоа дека Пол Погба не го променил своето однесување по
шпекулациите за неговата иднина, каде на големо се поврзува со трансфер во Реал
Мадрид на лето, а истите, според Норвежанецот не влијаеле воопшто на неговата
игра.

Постои кампања,
постојат и медиумите, никогаш не знаете што се случува таму, но, во моите
разговори со Пол тој секогаш бил позитивен
“ рече Солскјер.

Не гледам
никаква разлика во него кога разговарам, тој е фокусиран максимално на теренот
и се чувствува како горд фудбалер, тој секогаш го дава најдоброто од себе за
тимот
“ заклучи Солскјер.

Францускиот
репрезентативец подолг период се поврзува со Реал Мадрид, а одредени медиуми
дури посочија дека тој немал посебен однос со својот тренер во Манчестер
јунајтед, кој сега мораше и да ги демантира таквите шпекулации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×