Солскјер проговори за настапот на трансфер пазарот и што посакува летоска и откри дали ќе го избрка Ван Дајк

by
1 минути читање

Норвежанецот ја
доби довербата од бордот на „ѓаволите“ откако за неколку месеци успеа да го
препороди тимот кој под водсто на Жозе Мурињо го имаше најлошиот старт во
последните 27 години.

Откако Оле Гунар
Солскјер утрово беше потврден за нов тренер на Манчестер јунајтед со три
годишен договор, стретегот попладнево се појави на прес конференција.

Тој на средбата
со медиумите говореше на мноту теми, доби и прашање кое не е поврзано со
фудбалот, односно дали ќе го избрка Вирџил ван Дајк, дефанзивецот на Ливерпул
живее под кирија во неговиот луксузен дом.

„Не сум го
известил дека треба да се сели. Имаме договор…“
– вели Солскјер.

Стратегот беше
запрашан и за настапот на трансферот пзарот, и засилувањата кои треба да пристигнат летоска.

„Секако дека
дискутиравме на оваа тема. Нотоа не значи дека сме рекле ќе имаме Х сума на
пари за засилувања, и ќе донесеме Х број на играчи“

„Во медиумите се
пишува за голем број на играчи за кои сме заинтересирани, исто така има многу
играчи, или агенти кои стапија во контакт со нас и не известија дека сакаат да
дојдат тука. Секако дека ќе бидеме активни на трансфер пазарот, и се надевам дека
ќе ги донесеме играчите кои ќе ги идентификуваме како идеални засилувања пред
почетокот на подготовките за новата сезона“.

„Но ќе одиме
чекор по чекор. Нема да правиме радикални промени“.

Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит,
регистрирај се ТУКА.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×