Солскјер потврди, Манчестер јунајтед работи на два трансфери

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер јавно потврди дека
Премиерлигашот од „Олд Трафорд“ е активен на трансфер пазарот, а Норвежанецот
посочи дека клубот работи на еден или два трансфери.

Манчестер
јунајтед веќе ги обезбеди потписите на Даниел Џејмс и Арон Ван-Бисака, а исто
така постигна и договор за продолжување на соработката со Маркус Рашфорд.

Меѓутоа,
веројатно нема дилеми дека тимот од „Олд Трафорд“ посакува и натаму да продолжи
во битката за потписот на еден од најдобрите дефанзивци во Премиерлигата,
членот на Лестер, како и англиски репрезентативец Хари Мегваер.

Опција се и
двајца фудбалери од средниот ред, Бруно Фернандеш и Шон Лонгстаф, за првиот од
Спортинг Лисабон веќе подолг период се шпекулира дека тропа на вратите од
Манчестер.

Ние сме активни
на трансфер пазарот, работиме на еден или два случаи
“ посочи Солскјер.

Постојано сум во
контакт со раководството на клубот околу потенцијалните засилувања во тимот,
веројатно е дека ќе имаме повеќе завршени зделки во периодот кој претстои,
меѓутоа, истовремено сакам да посочам и дека сме среќни со тоа што го
постигнавме досега
“ додаде Норвежанецот.

Солскјер подвлече
дека би било чудо Манчестер јунајтед да биде во комбинација за титулата во
Премиерлигата идната сезона, меѓутоа Норвежанецот смета дека борба за
повисоките места во најсилниот англиски фудбалски шампионат сигурно ќе има.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани