„Ѓаволите“ имаат
шест порази на последните осум меча, во неделата беа понижени и загубија
убедливо на гостувањето кај Евертон.
Манчестер
јунајтед нема многу време за одмор, веќе утре ги чека нов натпревар и веројатно
најтежкиот што може да се замисли. На Олд Трафорд пристигнува Манчестер Сити,
кој нема право на кикс доколку сака да ја одбрани титулата во Премиерлигата.
Но Оле Гунар
Солскјер смета дека ова е идеален меч и очекува неговите избраници да одговорат на предизвикот.
„Ова е најдобриот
натпревар кој можеме да го побараме, со оглед на тоа колку боли поразот од
Еветон“ – вели Норвежанецот. „Имавме состанок по мечот на „Гудисон Парк“ и сите играчи
дефинитивно беа разочарани, и навистина ги болеше поради перформансите кои ги
прикажавме“.
„Па затоа дуелот
со Сити е перфектен, нема каде да се криеме на теренот, фановите ќе ни дадат
ветер во грб доколку одиграме машки против Сити, тим кој е многу, многу добар“.
„Мораме да бидеме
подготвени за нивниот пресинг, мораме да одиграме добро и цврсто во одбрана, да
бидеме подготвени за нивната агресивност, ќе ни ги искинат нозете, ќе не
клоцаат, нема да ни дозволат лесно да правиме контри, ќе има многу прекршоци“.
Тој потоа додаде:
„Сигурен сум дека утре ќе видме од играчите одговор. Не можеме како казна да им
речеме да трчаат до планините и назад, веруваме во нив. Знаат дека потфрлија,
дека разочараа како индивидуии, како тим, ме разочараа и мене. Јас сум главен и
давам инструкции како да се игра, моја должност е да ги натерам и принудам да играат
подобро, и сигурен сум дека ќе одговорат утре“.