Се погласно се
говори дека Французинот летоска ќе направи трансфер, денеска беше објавено дека
неговиот агент, Мино Рајола го откажал состанокот со Манчестер јунајтед на кој
требало да се разговара за нов договор. Реал Мадрид се посочува како следна дестинација, но интерес пројавуваат и Јувентус и ПСЖ.
Па сосема
очекувања, прашањата за иднината на Пол Погба доминираа на денешниот прес на
Оле Гунар Солскјер.
„Мислам дека ќе
биде тука и следната сезона“ – вели Норвежанецот.
„Секако, не
можете да гарантирате ништо во фудбалот, но ќе кажам, ДА, тој ќе биде тука.
Можам да ве осигурам дека тој е одлучен во намерата да успее во Манчестер јунајтед“.
Фудбалерот во последно време е честа мета на стручните коментатори и
аналитичари, па Солскјер скокна во негова одбрана.
„Тоа е поради стандардите кои ги постави,
креира шанси, постигнува голови, врши голема работа на теренот… од друга
страна ги имате медиумите, навивачите, сите го гледаат Пол и прашуваат „Дали
може да биде подбар?“ Тој е фантастичен за нас. Тоје е лидер во соблекувалната
и на теренот“.
„Да се навратиме
на тоа дали можам да гарантирам, би кажал да, можам да гарантирам, но во
животот не можете да гарантирате. Сепак, што се однесува до мене, тој ќе биде
тука и следната сезона“.