Солскјер му се нуди на Манчестер Јунајтед!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед би можел повторно да му ја довери клупата на Оле Гунар Солскјер, откако поранешниот тренер на „црвените ѓаволи“ покажал сериозен интерес да се врати на „Олд Трафорд“ како привремено решение до крајот на сезоната.

Според достапните информации, Солскјер веќе ја известил клупската управа дека е подготвен да се врати и да ја преземе функцијата без оглед на должината на договорот, со цел да помогне во стабилизирање на тимот во овој чувствителен период.

Раководството на клубот во моментов внимателно ги анализира сите опции за краткорочно решение и во следните часови или денови се очекува да донесе конечна одлука околу привремениот менаџер. Доколку биде назначен Солскјер, планот на клубот е по завршувањето на сезоната да се тргне по постојано тренерско решение кој би го водел тимот од сезоната 2026/2027.

Во меѓувреме, улогата на привремен тренер оваа недела ја извршува Дарен Флечер, кој ќе ја води екипата додека трае процесот на одлука во врвот на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×