Оле Гунар
Солскјер изминатиов период често зборуваше за тоа како е задоволен од
одбрамбените играчи и како тоа не му е потребно засилување во овој департман и
покрај тоа што од сите страни пристигнуваат совети за ангажман на дефанзивец од
светска класа.
Доколку на
Норвежанецот му требаше разубедување, токму тоа се случи на гостувањето на
„Молињу“. Вулверхемптон славеше со 2-1 и му нанесе удар на Манчестер јунајтед
во битката за топ четири.
Гостите добро го
почнаа мечот и поведоа со голот од далечина на Мектоминеј, но „волците“ брзо се
вратија и преку Жота стигнаа до 1-1.
На стартот од
вториот дел, Ешли Јанг за кратко време заработи два жолти и ги остави своите
соиграчи на цедило. За маката дабиде поголема, одбраната реагираше
катастрофална во 77. минута кога Џонс лошо процени една топка, Де Геа исто така
не беше на висината на задачата а Смолинг да не остане покус си ја затресе
сопствената мрежа за 2-1.
Во финишот од
мечот, Смолинг можеше да си постигне уште еден автогол, а домаќините имаа убава
прилика и за трет гол но ја погодија само стативата.