Погба сака да си оди од Манчестер јунајтед ова лето, Реал Мадрид и Јувентус се опциите каде би заминал.
Но, информациите од Англија велат дека тренерот Оле Гунар Солскјер очајно посакува да го задржи Погба и следната сезона.
Тој ќе го замоли Французинот да остане уште една година на Олд Трафорд а потоа многу полесно ќе го пуштат да си замине, за значително помала сума од таа која ја бараат сега.
Се верува дека Погба ќе го одбие ваквиот предлог, тој не е среќен што воопшто замина во Австралија на подготовки со Манчестер јунајтед, сака колку што е можно побрзо да се реши неговото прашање.
Синоќа во тренинг базата во Австралија имаше и вербална расправија меѓу Погба и Лингард, што ја покажува нервозата на Французинот и неговата актуелна состојба.
Во меѓувреме неговиот агент Мино Рајола работи на трансфер, како што е познато тој сака да го извади максимумот и за себе и за Погба па понекогаш долго траат зделките во кој тој е вклучен но на крајот успешно завршуваат.