Солскјер: Ако можевме во Париз, зошто да не победиме и во Барселона

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед направи вистинско изненадување кога во Париз го победи тимот на ПСЖ и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Синоќа Јунајтед одживеа нов пораз на домашен терен, овој пат со 1-0 од Барселона, па јасно е дека на изненадувањето во Париз ќе ја темелат самодовербата и за оваа пресметка.

„Перформансите од Париз ни даваат надеж и верба дека можеме и во Барселона. Но знаеме дека играме веројатно против главниот фаворит на турнирот“, вели Солскјер.

„Одењето на Камп Ноу ќе биде предизвик. Ако победиме таму тоа би било големо достигнување. Барселона тешко губи дома, но ние можеме да го направиме тоа, не се сомневаме“.

„На гостински терен оваа сезона ги победивме Јувентус и ПСЖ, сега треба тоа да го направиме против Барселона. Знаеме дека имаме можност за такво нешто“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×