Напаѓачот на Салцбург, Ерлинг Халанд е вистинска сензација, тој е мета на големите клубови а еден од најсериозно заинтересираните е Манчестер јунајтед.
Норвешкиот медиум „ВГ“ откри дека Солшер во петокот наутро летнал до Салцбург за да се види со фудбалерот и неговите претставници. Потоа се вратил во Манчестер и веднаш заминал за Норвешка, во градот Ставангер каде што е таткото на фудбалерот.
„Се надевам дека ќе ме разберете дека не можам да коментирам на сите шпекулации кои се појавуваат“, изјавил таткото на Халанд запрашан дали имал состанок со Солшер.
Дали ваквата тактика за непосредна средба со сите страни ќе му помогне на Солшер да го донесе Халанд во Манчестер јунајтед ќе видиме.
Напаѓачот на почетокот од оваа недела ги посети тренинг центрите на Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг, се поврзува силно и со трансфер во Бундеслигата.
Интересот за него е голем, а трансфер може да се случи уште во јануари бидејќи Салцбург испадна од Лигата на шампионите.
БетАдриа викенд типови: Валенсија и Реал Мадрид постигнале 50 голови на последните 13 меча