Солшер во слична ситуација како онаа на Лампард, Хендерсон може да ја загрози позицијата на Де Хеа?

by
2 минути читање

Позицијата на
Давид Де Хеа како прв голман на Манчестер јунајтед е загрозена по зачестените
грешки на Шпанецот, па така претстојното лето ќе биде решавачко во однос на
неговата иднина на „Олд Трафорд“.

По долги и исцрпни
преговори, Де Хеа лани во септември стави потпис на договор со Манчестер
јунајтед со важност до 2023. година, меѓутоа сега ситуацијата за 29 годишниот
голман е доста дискутабилна, со оглед на неговата форма која воопшто не е за пофалба.

Се чини дека
чашата се прели по големиот кикс на гостувањето кај Евертон кога му подари гол
на Доминик Калверт-Луин, во мечот кој заврши со поделба на бодовите (1-1).

Иако Оле Гунар
Солшер посочи дека Де Хеа е најдобриот голман на светот на прашање за негово
мислење во поглед на грешките на Шпанецот, грешки кои го чинеа Манчестер
јунајтед седум погодоци во сопствената мрежа сезонава, се верува дека постои
голема загриженост во клубот по прашањето со Де Хеа.

„Дејли Мејл“
објави дека во случај Шпанецот да продолжи со лошата форма и грешките на голот,
Солшер ќе се соочи со исклучително комплицирана одлука на лето, а се верува
дека во Манчестер јунајтед веќе имаат една алтернатива.

22 годишниот Дин
Хендерсон кој има сезона за паметење на голот на Шефилд Јунајтед, каде
настапува како позајмен од Манчестер јунајтед, а на Островот пишуваат дека
Хендерсон ќе добие нов договор од клубот со мошне подобри услови во истиот, а
воедно тој сериозно ќе ја загрози позицијата на Де Хеа.

Сепак,
поверојатно е сценариото Хендерсон да биде трета сезона во низа испратен на
позајмица, и тоа повторно во Шефилд Јунајтед, доколку ситуацијата со Де Хеа се
промени секако, а дали ќе проследиме ново сценарио како она на Кепа Аризабалага
во Челси, останува да покаже периодот кој претстои.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×