Солшер со пофалби за Санчез по контролниот меч зад затворени врати

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер најавува дека
преговорите околу продажба и заминување на Алексис Санчез може да се
пролонгираат и до септември, иако повеќе медиуми пренесуваат дека Интер е близу
ангажман на Чилеанецот.

Иако навидум
изгледаше дека преговорите помеѓу Манчестер јунајтед и Интер се ближат кон
крајот, платата на фудбалерот ги стави преговорите на „стенд-бај“, па така
преговорите траат подолго од претходно предвиденото.

Во меѓувреме, Санчез
помогна во победата на Манчестер јунајтед над Шефилд Јунајтед од 3-1 во
пријателски меч кој беше одигран зад затворени врати, по што доби пофалби од
страна на Солшер.

Се уште постојат
преговори со некои клубови
“ рече Солшер.

Но, тој играше
на мечот против Шефилд јунајтед и имаше одлично издание, јас веќе и претходно
напоменав дека работи одлично, ќе видиме во септември што ќе се случи
“ додаде
Норвежанецот.

Летниот преоден
рок за италијанските екипи завршува на 2ри септември, дотогаш ќе видиме каков
ќе биде исходот од преговорите помеѓу Манчестер јунајтед и Интер, се шпекулира
дека Санчез веќе дал зелено светло за преселба во Милано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×