Солшер: Првото полувреме беше најлошото кое досега сме го одиграле

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер ја стави менталната подготвеност како сомнителна по поразот на неговиот состав од градскиот ривал Манчестер
Сити со 1-3 во првата пресметка помеѓу обете екипи во полуфиналето од Лига
купот.

Дека „Црвените
ѓаволи“ беа целосно надиграни, а во еден дел од мечот и понижени, доволно
говори тоа што во првото полувреме гостите имаа предност од 0-3 на 21 минута
пред крајот на првиот дел, а сигурно дека Солшер е револтиран поради изданието
на неговите фудбалери.

Првото
полувреме, поточно од нивниот прв гол, беше најлошото кое досега сме го
одиграле, гордост е збор кој го говорите на полувремето, сосема е природно кога
моралот ќе ви опадне, меѓутоа мораме да ја вратиме максималната ментална
посветеност брзо…
“ рече Солшер по мечот.

На полувремето
им посочив на моите фудбалери дека мораат да го добијат второто полувреме, за
да имаме било какви шанси, тоа беше тешко барање во пресрет на тоа што не
очекува, иако имаме една висока планина на која треба да се искачиме за да
успееме
“ додаде Норваженецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×