Манчестер
јунајтед се подготвува за уште една трансфер битка во составот на Лестер, овој
пат за растечката ѕвезда на таа екипа, Џејмс Медисон.
22 годишниот
фудбалер од средниот ред се очекува да добие повик од селекторот на Англија,
Герет Саутгејт, а токму тој е голема желба на шефот на стручниот штаб на
Манчестер јунајтед, кој нема да застане во реконструкцијата на тимот од „Олд
Трафорд“.
Како што пишуваат на Островот,
Медисон целосно се вклопува во плановите и идеите на Солшер, млад и полн со
енергија, а се верува дека Норвежанецот истовремено работи на подмладување на
составот, нешто, што се потврдува по последните потези на клубот.
По ангажманот на
Ван-Бисака и Мегваер, „Црвените ѓаволи“ значително ги засилија своите редови во
одбраната, а по Мегваер, Медисон ќе биде следна трансфер цел на Манчестер
јунајтед од тимот на Лестер.
Сепак, англиските медиуми додаваат дека исто како и во случајот со Мегваер (80 милиони фунти), на Манчестер јунајтед нема
да му биде воопшто лесно во преговорите, па веројатно е дека ќе плати голема
сума за обештетување за фудбалерот кој е обврзан на верност со поранешниот
првак во Премиерлигата до 2023. година.