Солшер посочи кој ќе биде „Погба“ одреден период поради повредата на Французинот

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер посочи дека Фред би
можел да ја пополни дупката во средниот ред додека Пол Погба е во
рехабилитациона фаза, со оглед на повредата на Французинот.

Фрустрирачкиот
старт на новата сезона за Погба продолжува, па така според најновите информации
кои пристигнуваат од Островот, се вели дека Французинот би можел да отсуствува
од терените до декември, а Солшер, со оглед на изборот кој го има за негова
замена, веројатно е дека ќе се одлучи за Фред.

Фред веројатно
ќе ја преземе позицијата на Погба на одреден период, тој беше одличен за нас

рече Солшер
кој јавно го пофали изданието на Фред во победата кај Норич со 1-3
изминатиот викенд.

Нема никаква
корист од тоа да зборуваме кој нема да биде со нас подолг период, бидејќи тој
нема да дојде на теренот, ниту пак ќе ни помогне се дури не се рехабилитира од
повредата, Пол беше одличен, тој е креативец кој ни е потребен, меѓутоа сега е
момент за другите да се покажат и докажат
“ додаде норвешкиот фудбалски стратег
од клупата на „Црвените ѓаволи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×