Солшер откри какви се трансфер плановите на Манчестер јунајтед по повредата на Маркус Рашфорд

by
1 минути читање

Додека се играше натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, медиумите од Англија пренесоа дека Маркус Рашфорд има двојна стрес фрактура на грбот и го чека пауза од два до три месеци.

Оле Гунар Солшер ги потврди црните прогнози, истакна дека напаѓачот треба да мирува најмалку шест недели, а потоа ќе му биде потребен период за да влезе во натпреварувачки ритам.

Манчестер јунајтед е прилично тенеко во форот откако летоска заминаа Ромелу Лукаку и Алексис Санчез без да биде донесена замена, па сега се наметнува прашањето дали „ѓаволите“ ќе купат негово до крајот на овој месец.

„Трансфер пазарот е отворен и се може да се случи, би можеле да побараме краткорочно решение кое би го користеле до крајот на сезоната. Но нема да бидеме очајни, ќе купиме само доколку ни се укаже права прилика и играчот се вклопува во нашите замисли. Би можеле да донесеме некого и на позајмицa“ – вели Норвежанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×