Солшер не дава гаранции дека Рашфорд ќе се врати до крајот на сезоната

by
2 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер на пресконференцијата во
пресрет на вечерашниот меч на домашен терен со Барнли, истакна дека не би можел
да даде никакви гаранции за тоа дека првата ѕвезда на тимот, Маркус Рашфорд ќе
се врати до крајот на сезоната.

Дополнително,
Норвежанецот вели дека клубот ќе му укаже на Рашфорд целосен период за тој
максимално да се врати подготвен за настап, со тоа што јасно стави дознаење
дека ситуацијата ќе се следи доста претпазливо со напаѓачот.

Маркус ќе има
онолку време колку што ќе биде потребно за да целосно се врати подготвен на
терените, нема да ризикуваме воопшто со него
“ рече Солшер во однос на
рехабилитациониот период за повредениот Рашфорд, запрашан директно на прашањето
дали е можно Рашфорд да не игра повеќе сезонава.

Го имаме
најдобриот медицински тим во земјава, сигурен сум дека Маркус ќе се врати кога
ќе биде 100% подготвен за тоа
“ додаде Норвежанецот, а се осврна на критиките од
јавноста дека наводно ризикувал со него претходно, иако, знаејќи дека е
повреден, односно нецелосно рехабилитиран.

Никогаш не се
ставам пред тимот, ние дискутиравме и со самиот Рашфорд, беше повреден три
седмици пред мечот со Вулверхемптон, имаше испитувања над него, под будно око
ја мониториравме ситуацијата и се воочи дека не постои никаква повреда,
разговарав со него пред самиот натпревар, ден или два пред мечот, му реков дека
сакам да го одморам
“ рече Солшер во однос на мечот со Вулверхемптон (1-0) во ФА
купот, каде Рашфорд повторно се пожали на болка, а за Норвежанецот се упатија
критики дека ризикувал со него, знаејќи дека е повреден.

Тој се
чувствуваше добро, самиот јасно стави дознаење дека сака да му помогне на
тимот, тоа е голем турнир за нас, таа ситуација доволно говори за самиот
Рашфорд, а кога го запрашав дали би можел да игра, тој ми рече дека нема
никаков проблем, сакаше да влезе во игра
“ додаде тренерот на Манчестер
јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×