Манчестер јунајтед очајно се обидува да пронајде клуб кој ќе ги задоволи условите за трансфер на Алексис Санчез, фудбалерот кој е дел од Интер на позајмица од редовите на Премеирлигашот, известува „Манчестер Ивнинг Њуз“.
Иако шефот на стручниот штаб на „Црвените ѓаволи“ пред извесен период навести едно доста интересно сценарио за на лето, откако Норвежанецот посочи дека Санчез би можел да се врати на „Олд Трафорд“, во самиот клуб генерално гледано имаат поинакво гледиште во случајот со Чилеанецот.
„Алексис ќе се врати на лето и ќе ви докаже на сите дека грешите во врска со него“ рече Солшер минатиот месец алудирајќи на тоа дека Чилеанецот ќе ги надмине критиките и на теренот ќе го покаже сосема спротивното.
Како и да е, Санчез е под договор со Манчестер јунајтед до 2022. година, а 31 годишниот офанзивец заработува фантастични 400,000 фунти на неделна основа, иако три четвртини од тој износ моментално го издвојува Интер сезонава.
Токму Санчез беше еден од хероите на Интер во синоќешното лудо дерби со Милан, откако „Нероаѕурите“ најпрво губеа со 0-2, за на крајот да слават со 4-2, откако асистираше во израмнувачкиот гол, а тоа за него беше прв меч на кој стартуваше од септември па наваму, откако се здоби со повреда која го оддалечи од терените цели три месеци.