Солшер ќе чека до летото во 2020 за да го засили нападот на Манчестер јунајтед, главна цел ќе му биде Џејдон Санчо

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед ова лето веќе се раздели со Ромелу Лукаку, а дозвола да замине доби и
Алексис Санчез, кој вчера пристигна во Милано и наскоро треба да потпише со
Интер.

И покрај тоа што
остана без двајца искусни напаѓачи, Оле Гунар Солшер не планира да донесе
засилување за офанзивата. Преодниот рок на „островото“ заврши
уште пред 20 дена, но „ѓаволите“ можат да потпишат со слободен играч како Фернандо
Љоренте во секое време.

Сепак, Оле Гунар
Солшер не сака вакво решение, и доверба ќе им укаже на младите играчи, пред се Мејсон
Гринвуд. Норвежанецот нема да биде активен ниту во зимскиот преоден рок бидејќи
верува дека во јануари не може да се ангажира играч од светска класа.

Затоа тренерот на
Манчестер јунајтед ќе чека до летото во 2020, и главна цел ќе му биде Џејдон
Санчо од Борусија Дортмунд. Но зделката воопшто нема да биде лесна, со оглед на
тоа дека младиот Англичанец е желба на многу други гиганти и неговата цена ќи биде прилично висока, се верува дека бундеслигашот ќе бара најмалку 100
милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×