Солшер како Фергусон, Манчестер јунајтед по 10 години го „преслушa“ Манчестер Сити и дома и во гости (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед и по трет пат сезонава го победи Манчестер Сити, вечерва на Олд
Трафорд во Премиерлигата, „ѓаволите“ триумфираа со 2-0.

Во возбудлив
натпревар со голема борба, клучниот момент се случи по половина час игра. Бруно
Фернандеш итро изведе слободен удар, ја префрли топката преку живиот ѕид и му
намести топка на Мерсијал, кој без многу мислење биеше по земја на првата
статива и го матираше Едерсон.

Двата тима потоа
пропуштија убави шанси, а за вториот гол се чекаше дури до 96. минута. Во последните секунди од мечот Едерсон
лошо фрли една топка кон Менди, Мектоминеј убаво следеше, прв стигна и од
далечина ја затресе празната мрежа за голема радост на Олд Трафорд.

Со овој триумф,
Оле Гунар Солшер стана првиот тренер по Сер Алекс Фергусон кој го добил
двомечот со Манчестер Сити во Премиерлигата. Претходно, легендарниот Шкот ги преслуша
„гаѓаните“ и дома и во гости во сезоната 2009/10.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×