Солшер и на денешниот меч на Лион има скаут, Норвежанецот има и друга желба во Премиерлигата

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед е сериозен во намерата да дојде до потписот на напаѓачот на Лион, Муса
Дембеле, веќе е познато дека Премиерлигашот извесен период под будно око ги
следи неговите настапи, па така ќе биде и денеска.

Лион денеска
гостува кај Бордо во мини дербито во француската прва лига во рамките на 20.
коло од тој шампионат, а одредени медиуми известуваат дека Манчестер јунајтед
повторно ќе има скаут на трибините кој ќе ги нотира перформансите на 23
годишниот напаѓач.

Манчестер
јунајтед и Челси имаа скаути на трибините за претходниот меч на Лион во
победата над Брест во Лига купот на Франција каде Лион славеше со 3-1, а токму
Дембеле го постигна водечкиот гол за домаќините.

Нема дилеми во
тоа дека Дембеле е голема желба за тренерот на „Црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солшер, откако на 18 настапи за
Лион сезонава постигна 10 погодоци во „Лиг 1“, а би можел уште месецов да се
пресели во Премиерлигата.

„Скај Спортс“ извести дека освен Дембеле, желба на Солшер е воедно и напаѓачот на Волверхемптон, Раул Хименез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×