Македонскиот
шампион утре го игра реваншот против Копенхаген, овој пат на негов терен,
откако во Скопје обезбеди минимален, но мошне значаен триумф од 1-0, во третата
рунда квалификации за пласман во групите од Лигата на шампионите.
Во Данска постои
загриженост, се надзира ли елиминација на тамошниот шампион, останува да видиме
утре, дека Вардар не е лесен плен говори и изјавата на стратегот од клупата на
Копенхаген.
„Во овој момент
сме во мислите на групите од Лигата на шампионите, тоа е нашата цел секоја
година, за нас е многу позначајно да бидеме во Лигата на шампионите, отколку да
се бориме во Лига Европа. Мораме да дадеме максимум од себе доколку сакаме да
ги оствариме нашите цели, но ќе издвојам дека тоа нема да биде воопшто лесно“
истакна Стале Солбакен, шефот на стручниот штаб на данскиот првак.
Ремите без голови
против Хобро во данскиот шампионат, воедно и поразот на домашен терен од Жилина
во реванш мечот од претходното квалификациско коло во Лигата на шампионите,
како и минималниот пораз во Скопје, го вклучи алармот во Данска, дека нешто
лошо му се предвидува за утрешната реванш пресметка против нашиот првак.
Солбакен со свое видување во однос на тоа со какви проблеми се соочува Копенхаген во моментов, тој на некој начин се правда дека клубот не ги покрил дупките во тимот кои останале по заминувањето на неколку клучни фудбалери.
„Продажбата на
неколку клучни фудбалери не е единствена причина за слабите игри. Кога ќе
продадете фудбалери за 200 милиони евра во само 18 месеци, тоа е веќе целосна
промена на тимот. Мислам дека не успеавме да замениме секого во тимот, онака
како што доликува на екипа која претендира да биде во најдобрите во Европа,
поточно во групите од Лигата на шампионите“ додаде Солбакен.
Ќе издвоиме дека
данскиот првак ова лето продаде неколку клучни фудбалери од тимот на чија
продажба вкупно заработи околу 10 милиони евра, засилувањата кои ги доведе на
неколку позиции ова лето вкупно го чинеа Копенхаген околу 4 милиони евра.
Како за потсетување, дуелот помеѓу Копенхаген и Вардар утре се игра во терминот од 20,00 часот, македонскиот шампион ќе има поддршка од трибините на „Телиа Паркен“ арената од околу педесетина свои фанови.
Фото, извор: bt.dk