Копенхаген е под голем притисок, влезе како фаворит против Вардар, но сега се наоѓа пред елиминација од македонскиот тим.
„Потребни ни се три работи за да победиме во среда“ – вели Солбакен.
„Најпрво потребна ни е енергија во тимот. Ни фали енергија на домашните натпревари оваа сезона. Клучно е да имаме сила и да може да зададеме удар на нашите домашни мечеви. Потрени ни се енергија и интензитет во нашата игра“.
„Второ, потребна ни е стабилност во дефанзивата. Добри бевме во организацијата на натпреварите против Вардар и Рандерс, но не бевме во другите натпревари. На Вардар му дозволивме да направи големи шанси од наши индивидуални грешки“.
„Трето, мораме да ги избегнеме индивидуалните и технички грешки кои ги правевме оваа сезона. Мора да играме побрзо и да ги минимизираме техничките грешки. Доколку успееме во овие три работи, дефинитивно ќе имаме шанса да одиме понатаму“.
„Оние кои долги години не поддржуваат знаат за тешкотиите со кои се соочувавме во минатото. Јасно ни е дека очекувањата од нас се големи, се надеваме дека во среда навивачите ќе ни дадат голем поддршка и ќе ни помогнат да одиме понатаму. Сега ни се најпотребни“.
Натпреварот помеѓу Копенхаген и Вардар се игра утре (среда) со почеток од 20 часот. Пренос ќе врши ТВ Нова.
Фото: ФК Копенхаген