Солбакен откри како Копенхаген со играч помалку му даде два гола на Вардар: Трениравме да играме 10 на 11

by
1 минути читање

Шампионот на Данска ќе игра во плеј-офот од Лигата на шампионите, а Вардар ќе мора да се помири со утешната награда и пелј-офот од Лига Европа, откако вечерва Копенхаген со 4-1 го доби реваншот.

„Црвено-црните“ беа на чекор до историски резултат, избраниците на Гоце Седлоски имаа игра во вториот дел и го неутрализираа противникот, а потоа Копенхаген доби црвен картон, исклучен беше Грегуш.

Но и со играч помалку, Копенхаген постигна два гола и го елиминираше шампионот на Македонија.

„За среќа трениравме 10 против 11“ – вели Стале Солбакен. „Покажавме и огромна ментална сила“.

„Бевме и физички подобри, а се погодија и замените“.

„Во првиот дел бевме одлични, тие погодија од единствената шанса која ја имаа. На средиатаа од вториот дел имавме криза, но одигравме подобро откако останавме со играч помалку“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани