Реал Мадрид
претрпе убедлив пораз од Еибар со 3-0 во Примера изминатиот викенд, но
шпанскиот гигант на одличен начин се рехабилитираше од тој неочекуван пораз, со
тоа што славеше на гостувањето кај Рома со 0-2 синоќа во петтото, претпоследно
коло од групите во Лигата на шампионите.
Иско на мечот со
Еибар доби прилика од 63. минута, кога веќе домаќинот ги постигна сите три
гола, а Сантијаго Солари, шефот на стручниот штаб на Кралевите се реши целосно
да го изостави од синоќешната пресметка на Олимпико, која шпанскиот
репрезентативец ја проследи од трибините.
„Изоставувањето
на Иско беше специфична одлука во еден специфичен момент. Тренерите се за да
носат одлуки и тоа е тоа“ објасни Солари по мечот во Рим.
„Одлуките се
речиси секогаш спортски, особено во некои исклучителни ситуации, стартерите и
замените се фиктивни проблеми кои не постојат. Фудбалерите се тука за да дадат
100% од себе за да бидат селектирани“ додаде Солари.