Шокантни обвинувања, историскиот триумф од 12-0 на резервниот тим на Барса бил наместен!?

by
2 минути читање

Резервниот тим на
„Каталонците“ ја наполни до врв мрежата на противникот и славеше со 12-0.

По крајот на
натпреварот, неколку гостински играчи тешко го поднесоа овој резултат и почнаа
да плачат.

Но сега
пристигнуваат шокантни обвинувања дека средбата била наместена.

Чеик Сад,
фудбалер на Елденсе, кој не настапи на средбата, вели дека четворица играчи
„кумувале“ на резултатот.

„Четворица играчи
се вмешани во местенката
– вели Чеик Сад. „Не ми е гајле што ќе се случи, кога ќе можам, ќе ги
откријам имињата на играчите
.

„Половина час
пред натпреварот ми беше кажано дека ќе бидам стартер, но пред почетокот на
дуелот ми кажаа дека ќе останам на клупата. На еден соиграч му кажаа дека
натпреварот е наместен и доколку сака да игра, ќе треба да пази да не постигне
гол
.

„Кога ми кажаа да
влезам од клупата, одбив бидејќи не сакав да имам ништо со ова, а на соиграчите
им кажав да не влегуваат во игра доколку сакаат имињата да им останат чисти“.

„Сигурен сум дека
и тренерот знаеше
.

Тој исто така
додава дека играчите на Барселона Б немале никаква врска со местенката. 

„Барса Б не стори
ништо. Тие едноставно си одиграа онака како што треба
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани