Шокантна елиминација на САД, Американците нема да играат на Светското првенство во Русија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

САД доживеа голема бламажа откако загуби на гостувањето кај Тринидад и Тобаго кој претходно имаше освоено само три бода и беше закован на последното место.

Резултатот беше отворен во 17. минута со спректакуларен автогол на Гонзалез, а Џонс во 37. минута го зголеми водството на 2-0 за Тринидад. На почетокот од вториот дел Пулишиќ намали на 2-1, но до крајот на мечот САД не успеа да постигне уште еден гол за плсаман на СП во Русија.

На елиминацијата кумуваа и резултатите од другите мечеви. Панама со крајно контроверзен гол ја победи Костарика со 2-1. Првиот гол на Панамците беше вистински грабеж, топката не ја помина гол линијата.

Хондурас го совлада Мексико со 3-2 и избори бараж за пласман во Русија.

Квалификациите за СП во Северна и Централна Америка:

1. Мексико 21

2. Костарика 16

3. Панама 13

4. Хондурас 13

5. САД 12

6. Тринидад и Тобаго 6

Првите три одат директно на СП, четвртиот игра бараж.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани