102
Ирска со погодокот на Мекклејн во 57. Минута поведе на
гостувањето кај Велс во последното коло од квалификациите за СП Русија 2018.
Со ова водство, Ирска ја искомпликува ситуацијата во
групата „Д“, сега Србија е сигурна на првото место во моментов со 19 бода, по
неа следи токму Ирска, а на третото место се наоѓа Велс со 17 бода.
Како што стојат работите, Србија би одела директно на Мундијалот
во Русија, додека пак Ирска би играла во баражот како една од најдобро
второпласирани селекции во квалификациите.