Шок за Гвардиола, мега скапото засилување ова лето ќе паузира подолг период

by
2 минути читање

23 годишниот француски дефанзивец Бенџамин Менди ова лето
потпиша за Манчестер Сити, а англискиот премиерлигаш за него издвои голема сума
за обештетување која му припадна на неговиот веќе поранешен клуб, Монако.

Менди вчера шеговито ги коментираше оценките кои ги доби на ФИФА 18, со патерици на себе рече „ова сум јас, но со патерициве на мене“, а
тој на социјалните мрежи упати разочарувачки вести за фановите на Манчестер
Сити.

Лоши вести, ќе отсуствувам неколку месеци…“ беше дел
од пораката која ја напиша Французинот на социјалните мрежи.

Станува збор за повреда на лигаментите на десното колено,
кое ќе го оддалечи Менди неколку месеци од фудбалските терени.

Менди сезонава одигра четири натпревари во Премиерлигата,
а се повреди на последното, шесто коло во ова натпреварување, и тоа на дуелот
со Кристал Палас на домашен терен, каде неговиот тим славеше со 5-0, но
Французинот по 29 минути игра мораше да биде заменет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани