Шок за Франција: Бензема ја обнови повредата, се стравува дека напаѓачот нема да настапи на СП

by
1 минути читање

Шок за Франција
пред стартот на Светсткото првенство, Карим Бензема ја обнови повредата на
бутниот мускул.

Напаѓачот, денеска
за прв пат почна да тренира со полна пареа, но за кратко време мораше да се
повлече.

Доцна вечерва му
биле направени тестови во клиника во Доха, камерите го уловија како подкривнува и со наведната глава влегува во автомобилот. Првичните прогнози велат дека Карим
Бензема нема да може да настапи на мундијалот во Катар.

Ова е сериозен
проблем за Дидје Дешам, кој поради повреди загуби неколку клучни играчи како
Пол Погба, Нголо Канте, Преснел Кимпембе и Кристофер Нкунку.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани