Шок за фановите на Арсенал

by
1 минути читање

Напаѓачот на
Арсенал, Александре Лаказет според шпекулациите кои ги пренесуваат одредени медиуми, е
незадоволен од својот статус под кормилото на Унаи Емери, па наводно размислува
да ги напушти Топчиите на крајот од овој летен преоден рок, поточно до петок
каде завршува преодниот рок во останатиот дел во Европа.

Во воведните три
кола од новата сезона во Премиерлигата, Лаказет не доби адекватна прилика од
новиот тренер на Топчиите, често влегуваше во игра на теренот од клупата за
резервни фудбалери, внесуваше голема свежина во играта но и позитивни промени,
но, и натаму не е во прв план кај Емери, тој статус го има Обамејанг, барем
засега.

По победата над
Вест Хем на домашен терен со 3-1 со пресврт, Емери најави можност да игра со
двоецот Обамејанг-Лаказет во иднина, откако францускиот напаѓач при влезот во
игра на стартот од второто полувреме го смени текот на играта во корист на
домаќините.

Преодниот рок
останува отворен за Франција, Шпанија и Германија, истиот завршува во петок, па
останува отворено прашањето колку овие најави се реални и дали Лаказет би можел
навистина да го напушти Арсенал, нешто што сигурно би било како вистински шок
за фановите на тој клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×