По Нејмар, Барса
ризикува да остане и без првата ѕвезда Лео Меси. Напаѓачот пред неколку недели
ги договори сите детали за продолжување на соработката а „Каталонците“
испратија и официјално соопштение.
Но Лео Меси се
уште нема ставено потпис на документите и последните извештаи кои пристигнуваат
од Шпанија велат дека тој се предомислил и нема да го потпише новиот договор.
Па
репрезентативецот на „Гаучосите“ сега чека понуди, останатите клубови ќе можат
да му достават формален предлог веќе во јануари и тој следното лето како
слободен играч би можел да замине од Камп Ноу.
Останува да се
види дали Лео Меси навистина сака да ја напушти Барселона или пак ова е само
потег на Аргентинецот да го искаже своето незадоволство кон сегашните лидери на
клубот.
Жозеп Бартомеу и
неговиот борд на директори не се премногу популарни во моментов, многумина
сметаат дека тие лошо раководат со клубот и се главни виновници за тоа што
Нејмар замина.
Па големи се
шансите Лео Меси да чека промена на раководството и оставка на Бартомеу за
да ја продолжи верноста.