Се уште е неофицијално, но се пишува дека Срна бил позитивен на допинг тестот направен по мечот од првото коло во Лигата на шампионите помеѓу Шахтар и Наполи.
Ваквата вест ја пренесуваат и хрватските медиуми кои потенцираат и дека четири дена подоцна Срна не настапил на мечот со Черноморец, што дополнително внесува сомнеж дека информациите за допинг тестот се вистинити.
Кога македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми беше позитивен на допинг тестот од Лигата на шампионите, доби четири години суспензија која подоцна му беше намалена на две.
Ако се потврдат наводите на украинските медиуми, Срна го очекува голема суспензија која веројатно ќе значи и крај на неговата фудбалска кариера со оглед на тоа што има 35 години.