Шок на „Сантијаго Бернабеу“, Бриж го дуплираше водството против Реал Мадрид! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На Зинедин Зидан
никако да му успева да ги склопи коцките во Реал Мадрид и да го врати шпанскиот
гигант на старите победнички патеки, а по шокантниот пораз кај ПСЖ со 3-0 во
првото коло од Лигата на шампионите, каде „Кралевите“ не успеаа ниту да упатат
директен удар во противничкиот гол, вечерва се надзира ново големо разочарување
за фановите на таа екипа.

Бриж ни помалку,
ни повеќе, туку има водство од 0-2 на гостувањето кај Реал Мадрид во второто
коло, а евентуален пораз вечерва сериозно би го вклучил алармот за тревога во
шпанската престолнина каде позицијата на Зидан од поодамна не е сигурна.

Денис беше
стрелец на двата погодоци за Бриж во првото полувреме, тој најнапред погоди во
9. минута, а во 39. и го дуплираше водството на гостите.

На втората
пресметка која се игра во идентичен термин како таа во Мадрид, од 18,55 часот,
Аталанта и Шахтер на паузата заминаа со резултат 1-1, најнапред Запата во 28.
минута ги донесе домаќините во водство од 1-0, а Мораеш во 41. минута израмни
на 1-1. Иличиќ во 16. минута претходно не успеа да погоди од белата точка за
Аталанта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×