Капитенот на Абердин, Грем Шини вели дека фудбалерите во тимот очајно посакуваат клубот да го задржи Бојан Миовски бидејќи тој е клучен играч.
По двете одлични сезони, Миовски е мета на многу клубови, за Македонецот има интерес од Италија, Шпанија, Англија, Германија и Холандија. Голема е веројатноста дека тој ќе замине, но неговите соиграчи посакуваат тоа да не се случи.
„Бојан е клучен фудбалер за нас. Ние очајно посакуваме да го задржиме. Како и да е, знаеме кое време од сезоната е и дека трансфер прозорецот е отворен, па се може да се случи“, вели капитенот на Абердин, Грем Шини.
„Што и да се случува, ние ќе чекаме и ќе видиме. Фудбалот е фудбал и доколку Бојан си оди, ние ќе му посакаме се најдобро. Но се надеваме дека ќе остане“.