Соиграчите на Погба му го свртеа грбот по едно клучно прашање во тимот

by
1 минути читање

Голем дел од
фудбалерите на Манчестер јунајтед упатиле поддршка за Маркус Рашфорд да биде
првиот изведувач на пеналите на таа екипа, по контроверзната одлука на мечот со
Вулверхемптон каде „Црвените ѓаволи“ имаа можност повторно да се вратат во
водство, а на крајот се задоволија само со реми (1-1) во второто коло од
Премиерлигата.

Трагичар во
редовите на Манчестер јунајтед беше Погба кој промаши од белата точка, тој во
една кратка конверзација со Рашфорд се договори околу тоа кој ќе го изведе
пеналот, па самиот тој ја презеде одговорноста.

По мечот, Оле
Гунар Солскјер постојано беше прашуван од страна на медиумите за тоа каква е
ситуацијата во тимот по тоа прашање, а Норвежанецот постојано уверуваше дека не
постои анархија во тимот, инсистирајќи на тоа дека
Маркус и Пол се уште се главните кандидати, па останува на нив да се договорат,
уверувајќи дека Погба сигурно ќе погоди во следната прилика.

Сепак, така не
мислат поголемиот дел од фудбалерите на Манчестер јунајтед, „Спортсмејл“
пренесе дека тие биле изненадени од моментот кога Погба се решил да го изведе
пеналот против Волвс, бидејќи биле сигурни во тоа дека Рашфорд е најидеалната
опција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×